Продолжува потрагата по исчезнатите во Бејрут – спасен работник кој за 30 часа бил заглавен

Спасувачките тимови се уште трагаат по околу 60 исчезнати под урнатините кои се резултат на страшната експлозија која во вторникот се случи на пристаништето во Бејрут. Надежите дека некои од нив ќе бидат живи се зголемија откако вчера вечер работник беше пронајден жив, но во тешка здравствена состојба. Тој бил исфрлен во морето, од каде беше извлечен целиот во крв. Се уште не се знае како успеал да преживее, ниту неговата точна здравствена состојба.

Западните медиуми се уште го анализираат инцидентот, а Њујорк тајмс објави дека бродот со која донесена опасната експлозивна супстанца потонал во пристаништето во Бејрут во 2018 година. Весникот се повикува на сателитски снимки и други податоци за движење на бродот.

Либанските власти се уште ги истражуваат точните причини за експлозијата, а и Интерпол испрати тим експерти кои ќе помогнат во истрагата. Иако првичните податоци покажуваат индиции оти станува збор за небрежност, поради несоодветно складирање на над 2,5 тони амониум нитрат, либанскиот претседател Мишен Аоун се сомнева дека е можна странска вмешаност со ракета или бомба.

Денеска во јавноста протекоа документи во кои се гледа дека во изминатите шест години либанските царина и војска најмалку 10 пати предупредувале на опасност од експлозија поради складирање огромна количина експлозивна хемикалија без никакво обезбедување.

Фото за вовед: 
Видео: 
Категорија: 
Новинар: 

Извор: Сител телевизија

Следете го 4NEWS.mk на друштвените мрежи Facebook | Twitter | Instagram, како и преку нашиот Viber чет.
  • Ознаки
  • 1
spot_img

Најважното