Радио Слободна Европа на македонски јазик и Радио Машал престануваат со работа на 31 март!

Македонскиот сервис на Радио Слободна Европа и паштунската служба, Радио Машал, ќе престанат да работат на крајот од месецов.

Според информациите, истите ќе бидат затворени на 31 март 2026 година.

„Затворањето на овие две служби е загуба за публиката што ја опслужуваат. Но, сегашната буџетска состојба на Радио Слободна Европа нè принудува повторно да ги приоритизираме начините на кои ги распределуваме нашите ресурси. Оваа одлука е донесена со длабока благодарност за работата што ја имаат направено овие тимови и за стандардот на извонредност што го одржувале“, изјави Претседателот и извршен директор на Радио Слободна Европа, Стивен Капус.

Инаку, Радио Слободна Европа на македонски јазик работи од 2001 година.