Русија целосно ја исклучи нуклеарната централа Запорожје

Русија целосно ја исклучи нуклеарната централа Запорожје, објави Укринформ. Нуклеарната централа окупирана од Русија во Украина денеска целосно ја загуби врската со украинската електрична мрежа како резултат на артилериски оган. Ова го соопшти украинската државна компанија „Енергоатом“ и ја обвини Русија за гранатирањето.

„Енергоатом“ соопшти дека централата сега добива струја за покривање на сопствените потреби од резервни дизел генератори.

Залихите на дизел горивото ќе траат 10 дена, додаваат од компанијата.

Следете го 4NEWS.mk на друштвените мрежи Facebook | Twitter | Instagram, како и преку нашиот Viber чет.
spot_img

Најважното