Татко и син, двајца единствени ковачи во Скопската чаршија кои се занимаваат со еден од најстарите занаети.
Семејството Ибрахими со овој занает се занимава веќе 100 години. Занаетот го пренесувале од колено на колено, а сега од ова лебот го заработуваат Ибрахим и Нехат. Ибрахим вели дека веќе нема работна сила, бидејќи никој не сака да се занимава со оваа професија.
Нехат со овој занает се занимава веќе 25 години. Почнал да работи како ковач бидејќи не можел да најде работа според својата професија. Тој вели дека станува збор за еден од најтешките занаети.
Последниот мајстор од овој занает во Стара Чаршија, Нехат, вели дека интересот на граѓаните е многу мал, вели дека работат колку за леб. Причината за изумирањето на овој занает ја гледа во развојот на технологијата.
Според мајсторите, ковачкиот занает е во исчезнување, бидејќи никој веќе не сака многу да работи, а да заработува малку. Тие велат дека нивниот занает некогаш бил многу почитуван, а сега никој не покажува интерес за него. Во средновековието, најсилна војска била онаа која го имала најдобриот ковач. Ковачите имале голема улога во војските уште од средновековието и подоцна, бидејќи тие ги изработувале мечовите и оружје кое се користеле низ историјата.
Репортер: Арменд Гаши
