Сончево и топло со мала до умерена облачност

Сончево и топло со мала до умерена облачност. Попладне ќе има зголемена облачност и  во северозападните планински подрачја ќе има услови за краткотраен пороен дожд, понекаде со ретки грмежи. Минималната температура ќе биде во интервал од 11 до 20, а максималната ќе достигне од 32 до 38 степени. УВ=8

Во Скопје, сончево и топло со мала до умерена облачност поголема во попладневните часови. Ќе дува слаб до умерен северозападен ветер. Минималната температура ќе се спушти до 18, а максималната ќе достигне до 37 степени.

Следува период на претежно стабилно и многу топло време. Дневните температури ќе бидат во пораст. Oсобено топло ќе биде од средината на следната седмица кога температурите долж Повардарието понекаде ќе надминуваат 40 степени.

Следете го 4NEWS.mk на друштвените мрежи Facebook | Twitter | Instagram, како и преку нашиот Viber чет.
spot_img

Најважното