Српски медиуми: Јовановски се заканил дека има докази против власта, советникот на Заев рекетирал со Боки 13

Доколку ми падне влакно од главата во Македонија ќе има политички земјотрес.

Ова го изјавил Боки 13 на сослушувањето за случајот „Рекет“, пишува српски Курир. Тој рекол дека има докази против премиерот Заев и негови соработници и советници, како што е Зоран Башановиќ.

-Ако ме убиете во затвор ќе паднат и многу политичари, а тука мислам и на Заев и на неговата Влада. Имам докази против Заев и државниот врв. Се од прва рака. И се оставив на сигурно, кај мајка ми и уште неколку адреси. Ако ми се случи нешто, ако ме убиете, обесите и тоа да се обидете да го претставите како самоубиство, ако ме тепате, мачите и застрашувате, убаво ви кажувам, да не биде после дека не сте знаеле. Во Македонија ќе има политички земјотрес. Ќе се отвори Пандорината кутија, никој нема да биде поштеден ако ми падне влако од главата, рекол Боки на сослушувањето, пишува српски Курир.

Порталот пишува и за условите во затворот во Шутка, каде што е сместен Јовановски.

-Интересно е дека тој не е сам во затворската ќелија, токму поради безбедносните проценки дека не треба да биде издвоен. Ќелија дели заедно со уште еден притвореник, пишува српски Курир.

Случајот „Рекет“ е во фокусот на сите медиуми од регионот. Српски Информер на насловната страна од викенд изданието објави  оти во случајот бил вмешан и советникот Башановиќ.

-Зоран Башановиќ е снимен додека со Боки 13 договарал како да рекетираат македонски бизнисмени. Поранешниот естраден менаџер Башановиќ денес работи како советник на Зоран Заев, се вели во кратката најава на весникот.

И кичевецот Ел Чека кој објавува бомби од Чикаго вчера излезе со нови обвинувања. Вели дека специјалната обвинителка Фатиме Фетаи е инволвирана во корупциски скандал.

-Поминаа речиси три месеци откако го најавив случајот „Рекет“ од страна на СЈО. Но свртете ја главата кон Фатиме оти и таа не е подобра од Катица. Парите што ги земала од братот на Али Ахмети дали си ги потрошила? Целта било да не се отвори истрага за големите суми крадени од болницата во Кичево, напиша Ел Чека на Фејсбук.

Ел Чека подолго време објавува т.н. „бомби“ против функционери од ДУИ.

 

Фото за вовед: 
Категорија: 
Новинар: 

Извор: Сител телевизија

Следете го 4NEWS.mk на друштвените мрежи Facebook | Twitter | Instagram, како и преку нашиот Viber чет.
  • Ознаки
  • 1
spot_img

Најважното