„Украина не може да победи на бојното поле“ Марин Ле Пен шокираше со својата изјава

Лидерката на француската десничарска партија Национален митинг, Марин Ле Пен, смета дека преговорите со Русија се единствениот начин за решавање на конфликтот во Украина, со оглед на тоа што Киев не може да победи на бојното поле.

Ле Пен нагласи дека не може да се преговара за мир кога на маса ќе дојде само една од двете страни во конфликтот.

Ле Пен нагласи дека не може да се преговара за мир кога на маса ќе дојде само една од двете страни во конфликтот.

– Очигледно е дека ќе треба да преговараме со Русија за да се обидеме да обезбедиме позитивно решение за Украина во овој конфликт во кој таа очигледно не може да победи – изјави Ле Пен за шпанскиот весник „Ел Периодико“.

Таа појасни дека се уште ја поддржува воената и цивилната помош за Киев, но дека треба добро да размисли пред да воведе санкции кон Русија.

– Зборувам, на пример, за енергетската војна што ја започнавме и која ги уништи нашите економии – рече Ле Пен, нагласувајќи дека е многу важно Европа да не стане страна во украинскиот конфликт, пренесе ТАС.

Следете го 4NEWS.mk на друштвените мрежи Facebook | Twitter | Instagram, како и преку нашиот Viber чет.
spot_img

Најважното