Усвоени измените на Законот за образование – во вонредни услови стартот на учебната година го утврдува Владата

Со измените на Законот за основно и средно образование, кои синоќа беа изгласани во Собрание, за првпат во државата, се овозможуваат исклучоци од редовниот воспитно-образовен процес случаи кога има утврдена кризна состојба, прогласена епидемија, пожари, поплави, или други големи природни непогоди. Исклучоци има во однос на тоа дека во вонредни околности учебната година може да започне и заврши и во време различно од времето кога вообичаено започнува, за што ќе одлучува Владата.

„Во вонредни услови, со овие законски измени, наставата во основното и средното училиште ќе може да се организира со физичко присуство на учениците, или на далечина со примена на средства за електронска комуникација. Според измените на законите организирањето на наставата со физичко присуство на учениците  ќе биде можно, само ако, се исполнети критериумите и условите согласно протоколите и планот за одржување на наставата за основните и средните училишта“, велат од Министерството за образование и наука.

Министерката за образование, Мила Царовска рече дека целта на овие измени е техничко уредување на наставниот процес во вонредни услови.

Измените на двата закона предвидуваат и наставниот час да трае пократко од 40 минути, заради поголема заштита на учениците кои ќе следат настава со физичко присуство. Исто така, во случај на горенаведените непогоди, согласно Член 5, се предвидвидува можност за кратење на наставните денови во учебната година од 180 на најмалку до 100.

.

Извор: ТВ21

Следете го 4NEWS.mk на друштвените мрежи Facebook | Twitter | Instagram, како и преку нашиот Viber чет.
  • Ознаки
  • 1

ПРИКАЖИ ПОВЕЌЕ ВЕСТИ

spot_img

Најважното