Утринава најстудено на Попова Шапка – најтопло во Гевгелија

Утрово најстудено е на Попова Шапка каде се измерени -8 степени.

По Попова Шапка следува и Берово и Маврови Анови со -5 степени. -4 степени се измерени во Лазарополе, Крушево, -2 во Претор, Крива Паланка, -1 во Охрид, 0 степени во Скопје-Петровец, Виница, Прилеп, Куманово, Тетово, Струмица, Демир Капија, Битола.

1 степен е измерен во Штип, 2 во Дојран, Скопје – Зајчев Рид, и 4 степени во Гевгелија.  

Снежната покривка изнесува 67 см. на Попова Шапка, 17 во Маврови Анови, 15 во Берово, 5 во Крушево, 3 во Пожаране, Претор, Крива Паланка, 2 во Тополчани, Прилеп.

НАВРНАТ ВОДЕН ТАЛОГ ЗА ИЗМИНАТИТЕ 24 часа до 07 часот во ()

Најмногу дожд имало во Берово 11 l/m2.

8 l/m2 Куманово, 5 l/m2 Ѓуриште, 4 l/m2 Дебар, Скопје – Петровец, Виница, Демир Капија, Претор, Виница, 3 l/m2 Крива Паланка, Крушево, Пожаране, 2 l/m2 во Попова Шапка, Тетово, Маврово, Охрид, 1 l/m2 во Струмица, Штип, Битола, Прилеп.

Наутро со слаб локален снег, а преку денот сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува умерен ветер од северозападен правец, кој долж Повардарието повремено ќе засилува. Кон крајот на денот облачноста ќе се зголеми и во ноќните часови ќе има локални врнежи претежно од снег. Максималната температура ќе биде во интервал од 5 до 12 степени.

Во Скопје сончево со мала до умерена облачност и со слаб до умерен ветер од северозападен правец. Кон крајот на денот облачноста ќе се зголеми и во ноќните часови ќе има слаби врнежи од дожд и снег. Максималната температура ќе достигне до 10 степени.

Следете го 4NEWS.mk на друштвените мрежи Facebook | Twitter | Instagram, како и преку нашиот Viber чет.
spot_img

Најважното