Министерот за здравство Венко Филипче информираше дека на владина седница ќе биде донесена одлука со која вакцинацијата станува задолжителна за здравственита работници.
Откако одлуката деновиве ќе помине на Владина седница, ќе се остави рок од 10 дена во кој здравствените работници ќе може да се вакцинираат.
Иако новинарите прашаа, што со тие кои нема да се вакцинираат, Министерот Венко Филипче го избегна одговорот на ова прашање.