Вања грабната во влезот, врзувана во подрумите па изнесена – Палчо во истата зграда има 106м2 имот

14 годишната Вања Ѓорчевска е грабната во влезот на зградата во која и убиецот Љупчо Палевски – Палчо поседува имот. Во влезот е грабната и веднаш симната преку во подрумските простории каде е врзана, ставена во вреќа и изнесена со автомобилот од претходно убиениот 74 годишниот велешанец Панче Жежовски, дознава 4NEWS.mk од извори во истрагата.

Во зградата не може да влезете без претходно некој да ви ја отвори вратата или доколку поседувате токен.

Но тоа за киднаперите и убијците бил најмал проблем. Бидејќи тие имале контрола и врз влезната врата на зградата, бидејќи убиецот Љупчо Палевски Палче Палчо поседува имот во истата зграда, која ја изградила неговата компанија која сега е во стечај.

Од извори во истрагата, ексклузивно дознаваме дека Вања не е изнесена преку главната влезна врата, туку е грабната и веднаш симната во подрумските простории, каде е врзана, ставена во вреќа, а потоа во гепек и изнесена, но не од главниот влез на зградата.

Дека е грабната во влезот од зградата потврди и Минситерот за внатрешни работи Оливер Спасовски и обвинителот Гаврил Бубевски на прес конференцијата во понеделникот.

„Малолетничката е грабната од самиот влез на зградата откако претходно, според исказите на осомничените, таткото споделил информација со организаторот за денот и времето на нејзиното излегување сама од дома. Главниот организатор и извршител со пиштол на 27.11 некаде околу 10 часот ја усмртил малолетничката исплашен од доказите до кои може да дојде полицијата на веќе започнатата истрага после првата прикаава“, изјави министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски.

Каков имот поседува Палчо во зградата?

Убиецот кој е приведен во Турција и се чека негова екстрадиција, е поранешен сопственик на градежната компанија УНА ЕНТЕРПРИСЕ која сега деловно е неактивна бидејќи е во стечај. Адресата на комапнијата е токму зградата во која живееше и Вања. Наум Наумовски Борче 87.

Според нашето истражување, Палчо е сопстевеник до 14.06.2006 година, по што се брише од овластено лице. Се додава Симон Михајлоски. Подоцна компанијата оди во стечај.

Во имотниот лист на компанијата во зградата каде што живееше Вања пишува дека поседува 75m2 ходници со скали, кои се заеднички. 11m2 има простории на мансарда односно поткровје и 20m2 во приземје.

СТАНОТ ВО КОЈ ЖИВЕЕШЕ ВАЊА Е ВО СОПСТВЕНОТ НА ТАТКО Ѝ

Досега Обвинителството и полицијата соопштија дека изнуда на пари се причините за грабнувањето на Вања. Но без да бидат соопштени повеќе детали, ниту пак потврдување на шпекулациите дека неодамна продаден стан кој мајката на Вања го имала во наследство е точната причина.

Проверката на 4NEWS.mk открива дека станот во кој живеела Вања со мајка ѝ и помалата сестра е во сопственост на нејзиниот татко, Александар Ѓорчевски кој сега е осомничен во организацијата за киднапирањето на Вања.

Станот на Наум Наумовски Борче е во негова сопственост и изнесува 92 метри квадратни, со дополнителни 13m2 тераси.

КАКОВ ИМОТ ПОСЕДУВА АЛЕКСАНДАР ЃОРЧЕВСКИ?

Таткото живеел на Партизански одреди број 8, не далеку од двете ќерки. Станот е во негова сопственот.

„ГО УКРАДОВМЕ СЕФОТ, НО ВО НЕГО НЕМАШЕ ПАРИ“

Во 2003 година имаше и кражба во фирмата на Љупчо Палевски Палчо. Тогаш крадците го одзеле сефот од компанијата, но не можеле да го отворат. Па медиумите пишуваат дека тоа се малерозни криминалци.

„Покрај тоа што “несреќно” признале, крадците рекле дека немале среќа ниту со сефот од фирмата “Упа ентерпрајз”, на познатиот бизнисмен Љупчо Палевски. Откако го украле сефот, тие најпрвин не можеле да го отворат, поради што морале да провалат во друга фирма за да земат дупчалка. Со алатот потоа отишле на брегот на Вардар и таму го отвориле сефот, но подоцна на полицајците им изјавиле: “Го украдовме сефот, но во него немаше пари“, стои во архивата на тогашниот дневен весник Дневник.

Следете го 4NEWS.mk на друштвените мрежи Facebook | Twitter | Instagram, како и преку нашиот Viber чет.
spot_img

Најважното