ВИДЕО Снимен моментот на разгорување на пожарот во диското во Гоа!

Дваесет и пет лица загинаа, а шест други се повредени во пожар во ноќниот клуб „Бирч“ во Арпора, во индиската држава Гоа, соопштија локалните власти.

Полицијата верува дека експлодирала плинска боца во кујната на клубот, предизвикувајќи пожар што се проширил низ целиот објект. Повредените се однесени во болница со разни повреди и се во стабилна состојба.

Во меѓувреме, се појавија првите снимки од пожарот. Една од нив ги прикажува последните моменти пред пожарот, настап во клубот додека покривот почнува да гори:

Индиските власти наредија истрага за причината за пожарот, кој избувна доцна синоќа и понудија отштета на жртвите, објави Ројтерс.

„Наредив истрага за целиот инцидент за да се утврди причината и одговорноста“, изјави главниот министер на Гоа, Прамод Савант, на X.

Се верува дека повеќето од жртвите се вработени во ноќен клуб во Арпора, додека меѓу загинатите има и туристи, јавува Би-Би-Си.