Тешка сообраќајна несреќа вечерва се случи на патот Прилеп-Битола кај местото Тополчани, јавува репортер на 4NEWS.mk од местото на несреќата.
Според првичните информаци, по судир две коли се излетани од патот и целосно уништени.
На терен е екипа на Брза помош и полиција. Во моментов немаме информации за повредени лица.
Поради несреќата сообраќајот се одвива отежнато.
Поради изградба на автопатот, голем дел од патот од Прилеп за Битола се вози по стариот пат.

