Владата го усвои мислењето за Министерството за правда за автентично толкување на Законот за помилување

Владата даде зелено светло за автентично толкување на законот за помилување. Како што се наведува во соопштението од последната владина седница, Министерството за правда е на мислење дека последната интервенција на Уставниот суд во 2016 година не ја вратила на сила одредбата според која Претседателот Иванов го извршил помилувањето, поради што, неговите одлуки за помилување, според Владата немаат правна сила.
Сега на потег е Собранието. Власта и денеска ја повика опозицијата да даде поддршка на автентичното толкување.

Во ВМРО-ДПМНЕ  и денеска го повторуваат ставот на лидерот Мицкоски дека партијата ќе го поддржи секој предлог во насока на тоа да се стави крај на злоупотребата на аболицијата. Од опозицијата и денеска и порачаа на власта тие да дадат поддршка за нивните предлози, аболицирани политичари да не може да се занимаваат со политика и да се донесе закон со кој ќе се испита потеклото на имотот.

Барањето за автентично толкување на Законот за помилување до Собранието го поднесе СДСМ откако Уставниот суд поведе постапка која отвора можност сите помилување на екс претседателот Иванов да бидат вратени во сила. Џафери вчера најави дека Собраниска седница на оваа тема не може да се очекува пред 11 декември.

 

Фото за вовед: 
Категорија: 

Извор: Сител телевизија

Следете го 4NEWS.mk на друштвените мрежи Facebook | Twitter | Instagram, како и преку нашиот Viber чет.
  • Ознаки
  • 1
spot_img

Најважното