СДСМ и коалицијата за брзи избори, датумот со кој одат на лидерска кај Пендаровски е 14 јуни

14 јуни е датумот со кој лидерот на СДСМ Зоран Заев ќе настапи на лидерската средба во вторник кај претседателот Пендаровски за одржување на предвремените избори. Средината на јуни беше потврден како позиција на влдејачката партија по средбата со колициските партнери. Заев тврди дека датумот е избран бидејки пикот од пандемијата со КОВИД 19 е поминат, следи олабавување на рестриктивните мерки, а изборите не се никаква закана за здравјето на луѓето.

Брзиот термин за избори е со цел да се обезбеди, како што вели лидерот на СДСМ функцинално собрание пред евентуалниот нов пик на корона вирусот, а ќе биде добро и за економијата. Заев сепак, остава простор за договор со опозицијата за мало отстапување од овој датум доколку тоа го препорачаат и здравствнените власти. Ова особено ако има продолжување на вонредната состојба за уште некој ден, но не и одржување на избори во јули, кога веќе временските прилики биле несоодветни за ваков процес.

Од опозциската ВМРО-ДПМНЕ пак, велат дека на лидерската кај Пендаровски ќе настапи со свои барања и услови, но и дека не се за брзи избори. Иако се сигурни во победа на изборите кога и да се случат, лидерот на партијата Мицкоски веќе најави анализи на здравстевната состојба и дека здравјето на граѓаните ќе им биде пред одлуката за граѓанско изјаснување. Првиот уставен термин според ВМРО-ДПМНЕ би бил некаде првата половина на јули.

Од ДУИ ги испорачаа своите два услови за избори: потврда од здравствените власти и набљудувачка мисја на ОБСЕ/ОДИХР.

Дел албански опозициски партии пак, како можен термин за избори го сметаат крајот на јули или почетокот на август, кога пандемијата сосема би стивнала, а и би биле отворени границите.

Фото за вовед: 
Категорија: 

Извор: Сител телевизија

Следете го 4NEWS.mk на друштвените мрежи Facebook | Twitter | Instagram, како и преку нашиот Viber чет.
  • Ознаки
  • 1
spot_img

Најважното