Американскиот претседател вели дека здравствената состојба не му била добра и оти следните денови се клучни, откако во четвртокот му беше дијагностициран вирусот Ковид-19. Трамп се надева дека набрзо ќе се врати во Белата куќа.
Трамп и се обрати на нацијата по контрадикторните извештаи во јавноста за неговата здравствена состојба.
Не престануваат борбите во Нагорно Карабах. Жени и деца го напуштаат главниот град на регионот, Степанакерт откако азербејџанските сили почнаа да вршат гранатирања. Меѓутоа, ерменската артилерија ракетирала два погранични града во Азербејџан.
По размената на огнот почна и пропагандната војна. Азербејџан соопшти дека лидерот на самопрогласената република Нагорно Карабах, Харутиунијан е сериозно повреден во напад на армијата. Меѓутоа, оваа информација е демантирана од ерменските сепаратисти кои тврдат дека претседателот е жив и здрав и ги извршува своите должности.
Бугарскиот премиер Борисов тврди дека во земјата има демократија штом незадоволните можат да го изразат своите незадоволство. Во Софија веќе 87 дена се одржуваат протести против бугарската влада. Демонстрантите во Софија бараат оставки од Борисов и од главниот обвинител. Денеска се одржува и т.н. четврто Големо народно востание на незадоволни граѓани.