ЕК нема да препорача задолжителна вакцинација против КОВИД-19

Европската комисија нема да препорача задолжителна вакцинација против Ковид-19. Ова денеска го изјави портпаролот на комисијата како одговор на прашања поврзани со изјавите на претседателката на ЕК Урсула фон дер Лајен.

„Комисијата нема овластувања за здравствени прашања и за нив одлучуваат земјите од ЕУ“, рече портпаролот. Тој објасни дека Фон дер Лајен го изразила своето лично мислење кога рекла дека земјите од ЕУ треба да размислат да не ги прават вакцините задолжителни.

Според неа, соодветно е да се разговара за ова прашање, но ЕК нема да даде препорака за воведување задолжителни вакцини, рече портпаролот. 

Тој истакна дека 150 милиони граѓани на ЕУ се уште не се вакцинирани и повеќето од нив се подобни за имунизација.

Следете го 4NEWS.mk на друштвените мрежи Facebook | Twitter | Instagram, како и преку нашиот Viber чет.
spot_img

Најважното