Репрезентацијата на Италија е во Македонија, посебен сообраќаен режим во Скопје

Секторот за внатрешни работи, односно Единицата за безбедност на патниот сообраќај, денеска во Скопје ќе преземе мерки за посебен сообраќаен режим поради меѓународниот фудбалски натпревар меѓу македонската и италијанската репрезентација, информира МВР.

Од тие причини, сообраќајот по сообраќајниците околу националната арена „Тодор Проески“ во Скопје ќе се одвива со посебен режим.

МВР апелира до сите граѓаните да ги почитуваат наредбите што ги издаваат полициските службеници по сообраќајниците опфатени со посебниот режим на сообраќај.

Следете го 4NEWS.mk на друштвените мрежи Facebook | Twitter | Instagram, како и преку нашиот Viber чет.
spot_img

Најважното